Порно ѕвезда го обвини Трамп за сексуално малтретирање

од Vladimir Zorba

Американската порно ѕвезда Џесика Дрејк го обвини кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп за сексуално малтретирање.

5126821

На прес-конференцијата во Лос Анџелес Дрејк посочи дека тоа се случило пред околу 10 години, за време на натпревар во голф во градот Тахо, Калифорнија. Според актерката, бизнисменот и  нудел пари за да добие интимна. Таа го отфрлила предлогот. “Тој флертуваше со мене и ме покани заедно да одиме на терен за голф. Јас се согласив. Тогаш тој ми побара телефонскиот број и јас му го дадов. Подоцна истата вечер ме покани во својот стан. Му реков дека не би сакала да бидам сама и отидов со уште две жени. Кога влеговме, тој цврсто ги стисна секоја од нас, го прегрна и ја бакна, без да побара дозвола “, рече Дрејк. Според неа, Трамп бил во пижами за време на средбата, на која присуствувале и телохранители. По околу половина час жените отишле. Актерката тврди дека потоа нсе јавил  Трамп или негов претставник. Во телефонски разговор и  биле предложени 10 000 долари и можноста да го користи приватниот авион на милијардерот во замена за интимност со него. Дрејк одбила.

Во последните недели повеќе од десет жени излегоа со тврдења за сексуално малтретирање од страна на Трамп. Милијардерот негира и ги дефинира како целосно фабрикувани.

Во саботата, тој рече дека по претседателските избори ќе ги  тужи  сите оние кои покренале лажни обвиненија против него.

Слични содржини