Неотповикливите оставки на министрите од ДУИ по барање на претседателот на партијата, се соодветна одлука, бидејќи станува збор за политички истрошени кадри. Ова е оценката на познавачот на политичкит состојби, Мерсим Максути, кој, сепак, не препорачува ДУИ да се повлече од Владата, анализира Алсат-М..ali-ahmeti-006-439x272

„Демократската унија за интеграција не може да даде оставка и не може да се повлече од Владата во ваков момент, бидејќи тоа требаше да го сторат многу порано, а не сега во овој момент и од причина што веќе се еден од главните учесници во Договорот од Пржино, па одговорноста или товарот пред се’, паѓа на целосното остварување, значи во целост, до последна точка на договорот“, оценува Мерсим Максути, правен експерт.

Според Максути, сега на ред е образложувањето на нивните оставки пред Собранието е следно на дневен ред.

 

Слични содржини