Пожарите во Црна Гора веќе не претставуваат опасност за туристичките објекти

од Vladimir Zorba

 

  Владата во Подгорица соопшти денеска дека пожарите кои го зафатија јужниот дел на Црна Гора се локализирани и веќе не претставуваат опасност за туристичките објекти и населените места.

– Министерството за одржлив развој и туризам ги информира туристите, хотелиерите и другите заинтересирани лица дека според наводите на службите за вонредни ситуации, состојбата е стабилна и безбедна, пожарите се локализирани, а населените места, како и туристичките објекти, не се веќе во опасност, се наведуваво соопштението.

Властите изразија огромна благодарност до НАТО и земјите партнери за оперативната поддршка при гасењето на шумските пожари

Слични содржини