Пресудите против градоначалниците Ристески и Панов се доказ за децениското коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Уште колку криминалци градоначалници има во редовите на ВМРО-ДПМНЕ? Уште колку локални шерифи краделе од граѓаните и кој од  градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ крадел најмногу од граѓаните и државата?- прашуваат во денешното соопштение од СДСМ

 Судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов се првите институционално потврдени докази за децениското криминално, коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ на секое ниво на власт.

ВМРО-ДПМНЕ има веќе двајца градончалници кои се осудени за несовесно и неодговорно владеење, а уште еден градоначалник, Владимир Талевски е првоосомничен во случај на Специјалното јавно обвинителство за сторен криминал тежок 360 000 евра, пари на граѓаните. По ова, логично се поставува прашањето уште колку криминалци градоначалници има во редовите на ВМРО-ДПМНЕ? Уште колку локални шерифи краделе од граѓаните и кој од  градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ крадел најмногу од граѓаните и државата?

Очигледно е дека градоначалниците Панов, Ристески и Талевски ревносно го следеле примерот на нивниот лидер Никола Груевски кога во прашање било незаконското работење и криминално богатење. Очигледно е дека коруптивното, расипничко и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ освен на централно, се случувало и на локално ниво.

Граѓаните ги препознаа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнија на централно ниво и затоа ќе го казнат и на претстојните локални избори. Сите градоначалници кои краделе, уценувале, поткупувале и се богателе на сметка на осиромашените граѓани ќе мора да понесат политичка, а потоа и правна одговорност за своите постапки, се вели во денешното соопштние на СДСМ.

Слични содржини