Пресврт: Кремљ демантира за средба меѓу Путин и Трамп

од Vladimir Zorba

Преговори за можна средба меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во моментот не се одржуваат. Ова го изјави денеска за РИА Новости го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

“Засега не се водат никакви преговори за средба”, увери Песков.

Претходно британско издание соопшти дека Трамп има намера да се сретне со Путин, потпирајќи се на искуството на Роналд Реган во Рејкјавик зделка по Студената војна со Михаил Горбачов.

Трамп и неговиот тим изјавија за британски официјални претставници дека нивата прва посета во странство ќе биде средба со рускиот лидер, како на пример престолнината на Исланд има најдобри шанси да биде домаќин на разговорите на суперсилитеа, исто онака како што се случило пред три децении.

Слични содржини