Колона со набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа тргнала од Донецк кон Дебалцево.

Во колоната има 10 возила на ОБСЕ, кои се придружени со автомобили на воените структури на самопрогласената Доњецка народна република.

Crisis in Ukraine

Претставниците на ОБСЕ се воздржани од секакви коментари.

Малку порано претставникот на Русија во групата на координација за прекин на огнот генерал Александар Ленцов изјави дека сепаратистите се согласиле да започнат со повчелување на тешкото вооружување од линијата на фронтот.

Според неговите зборови, водачите на Луганската и Доњецката народна република имаат потпишано соодветните наредби и се согласиле да ги повлечат големокалибрените артилериски системи и системи за рафален оган. Според договореното, така ќе биде создадена зона за безбедност долж целата линија на фронтот со ширина од 50 километри.

Повлекувањето на артилеријата беше еден од клучните услови кои беа поставени уште во првиот договор од Минск минатиот септември, но тоа не беше исполнето. Иако беше реафирмиран како дел од договорот за прекин на огнот и при вториот договор од Минск од пред 10 дена, уште оваа зона за безбедност не е создадена.

Ако изведувањето на тешкото вооружување започне денес, се очекува да трае најмалку две недели.

Украинските владини сили и проруски сепаратисти размениле десетици затвореници во источна Украина. Информацијата е потврдена од советникот на директорот на Службата за безбедност на Украина Маркијан Лубкивски, кој објави и список со имињата на 139 отпуштени војници и вели дека дека владата во Киев ќе стори сé за останатите заробеници на бунтовниците.

Слични содржини