Прилепчанец загина во сообраќајка

од desk2

Во средата во 12,30 часот на регионалниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(30) од Скопје и возило „Опел Аскона“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(31) од Прилеп.


Во незгодата од здобиените повреди на лице место починал П.Н., а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп. По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Слични содржини