Принцот Хари заљубен како никогаш досега

од Vladimir Zorba

Возљубената на принцот Хари – Меган Маркел е безусловно прифатена од кралското семејство. На актерката ѝе дозволено да не го почитува протоколот и нема потреба да добива писмена согласност за влез во палатата.

“Хари им објасни на сите да се однесуваат кон неа како кон луѓето кои живеат тука”, раскажува извор пред Us Weekly.

Тоа е првиот чекор за приближување кон кралското семејство. Според изданието Меган ги користи услугите на личните помошници на принцот, особено од неговиот секретар Едвард Лајон Фокс и менаџерот за комуникации Џејсон Кнауф.

“Некогаш се наоѓа во различни ситуации кога Меган не е уверена дали правилно го следи протоколот и затоа ѝ дадоа пристап до овие помошници кои многу ѝ помагаат”, објаснува изворот.

Војводата и војвотката од Кембриџ исто ѝ помагаат, на пример тие веќе ѝ давале на актерката совети како да се однесува, бидејќи во моментов е во центарот на јавниот интерес.

“Тие ја прифатија во семејството. Тие се среќни, бидејќи и Хари е среќен “, забележува весникот.

Пријателите на принцот раскажуваат дека тој е променет – од страстен обожавател на вечерните излегувања, Хари стана свесен маж. Активно се занимава со добротворните кампањи како Heads Together, која ја постави со својот брат и неговата сопруга.

Исто така се научил да се справува со болката од загубата на неговата мајка, а веќе и е подготвен за семеен живот. Се очекува дека тој да ѝ предложи брак на љубената есента оваа година.

“Тој доживува љубов, каква што не почувствувал до овој момент, објаснува изворот – Тој ја разбира на повисоко ниво и двајцата изгледаат свежо и прекрасно, како во првиот ден на состаноците. Постојано зборуваат за својата иднина и се гледаат заедно “.

Слични содржини