Притисоците врз ученици се кривично дело, велат од СДСМ

од desk2

„Недозволиво е директори да повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Според нив, новата реформска влада ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе ги спречи ваквите скандалозни злоупотреби.

– Најостро ги осудуваме притисоците како тој на директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, кој денеска, како што можеше да се види од видеото кое што излезе во јавноста, прави притисок врз ученици да протестираат. Институциите се должни веднаш да реагираат – се додава во соопштението.

Слични содржини