Перо Антиќ заедно со уште еден НБА кошаркар се приведени по тепачка во ноќен клуб во Њујорк. Инцидентот во кој има повредени се случил утринава, објави „Дејли Њуз“.

pero-antic-pritvor-540x359

Според весникот играчите на Атланта, Антиќ и Сефолоша ја попречувале полицијата која се обидела да го огради местото на инцидентот. По ова тие се приведени заради давање отпор.

Во инцидентот 22-годишно момче со нож го прободел кошаркарот на Индијана Крис Коупленд (31) и неговата 28-годишна сопруга Кетрин Салтара. Коупленд минатата сезона играше за Њујорк. Спроед извештајот настрадала и една 53-годишната жена.

Атланта Хокс доцна вечерва игра против Бруклин.

Слични содржини