Пукање во Чаир- Еден убиен и еден тешко ранет

од Vladimir Zorba
 

Во престрелка на улица Лазо Трповски што се случи синоќа  кај маркетот „Принц“ во скопски Чаир е убиен Исмет Арифи од Скопје, а Ќемал Лусјани со прострелна рана е пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, пренесоса повеќе скопски медиуми повикувајќи се на полициски извори. Мотивот за убиството засега не е познат.

Убиецот е во бегство. Се знае дека во жртвите е пукано од автоматско оружје. Екипи МВР започнале потрага по убиецот, а во тек е детална истрага за овој немил настан.

Неофицијално, според локални извори стсанувало збор  за престрелка меѓу две групи, а мотивот најверојано бил нерасчистени сметки поврзани со трговија на дрога. Се очекува во текот на денот МВР да излезе со презизни информации за настанот.

 

Фото/Видео: ТВ Шења

Слични содржини