Рударската компанија “Рио Тинто” пушти во продажба 65 исклучително ретки розови и црвени дијаманти, a се очекува тие да добијат рекордна сума пари.main_rn_2706_p48b_rn_1

Скапоцените камења доаѓаат од австралиски рудник, а од компанијата го определија нивниот квалитет како навистина висок. “Тие навистина се во категоријата на луксузни збирки”, изјави за АФП извршниот директор на “Рио Тинто” Алан Дејвис.

Меѓу најубавите скапоцености, претставени оваа година, се 1,93-каратниот розово-виолетов дијамант во облик на штит и 1,47-каратно црвен овален камен.

Накитот е стар приближно 1,6 милијарди години, а општите карати се 44,14. Според компанијата, која ги пласира на пазарот, секој еден од каратите се очекува да собере помеѓу 1 и 2 милиони долари.

Црвените и розови дијаманти по правило чинат околу 50 пати повеќе од белите.

Слични содржини