Путин објави имот – вози стара „лада“ и две советски „волги“

од desk2

Владимир Путин, пред претседателските избори во март ја објави својата имотна состојба, на што е обврзан со закон.

Но, нејзината содржина нема многу врска со другите извештаи за неговиот имот, пишува Index.hr.

Според официјално објавениот имот, доставен до Централната изборна комисија на Руската Федерација, Путин има “ладаu” од 2009 година, и две советски „волги“ од шеесеттите години на минатиот век, стан од 75 квадрати во москва, а заработил вкупно 38,5 милиони рубљи или 673.000 доалри од 2011 до 2016 година. Годишната претседателска плата заедно со воената пензија од стажот во КГБ, му изнесува 112.000 долари.

На банкарските сметки има 13,8 милиони рубљи, или околу 241.000 долари, како и 230 акции во Банката Сент Петербург.

Според податоците, Путин не е сиромашен, затоа што во земја каде просечната годишна плата е 6.700 долари, тој спаѓа во висока средна класа.

Но, во споредба со проценките на надворешни аналитичари, тие бројки се прилично смешни.

Општото мислење е дека Путин е милијардер, а Бил Браудер, поранешен фонд-менаџер во Русија и критичар на Путин проценува дека неговиот имот вреди 200 милијарди долари, поради што тој е најбогатиот човек на светот.

Слични содржини