Радев сака да проблематизира со географската одредница за името

од Vladimir Zorba

Позиција што ја зазеде македонското раководство беше пресврната точка. Таа и даде шанса за новата перспектива, кон која ние во Бугарија отсекогаш сме биле отворени. Треба да направиме се луѓето од двете страни на границата – и од Бугарија и од Македонија, навистина да се чувствуваат како браќа, вели бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за бугарската агенција БГНЕС, во пресрет на денечната посета на Република Македонија.

Румен Радев,  во поглед на разрешницата околу името и спорот со Грција   порачува:
– Како што реков, Бугарија секогаш се стремеше да и помага на Република Македонија и дел од таа помош е ние да не бидеме тие коиќе отежнуваат во  овој тежок  спор, кој треба да се реши меѓу Република Македонија и Република Грција. Во тој поглед, на тоа тие  може  да сметаат на нас. Но, верувам дека овој спор ќе се реши на таков начин што тоа нема да влијае на интересите на која било од овие три земји. За нас тоа значи дека во името нема географски дефиниции кои содржат делови од територијата на Бугарија. Затоа ќе бидеме во контакт со македонските власти за да се најде решение на најдобар можен начин.
Јас сакам да  му се заблагодарам и на премиерот Заев, и на претседателот Ѓорге Иванов за храброста од минатата година, бидејќи она што се случува во Македонија, позицијата која ја зазеде раководството на Република Македонија, беше пресвртна точка. Тоа даде шанса за нова перспектива,  за која секогаш сме биле отворени.
Раководството на Република Македонија рече: Ќе ги оставиме проблемите во минатото, треба да гледаме напред во иднината заедно. Се разбира, ние ја поздравуваме таквата политика, тоа е она што секогаш сме го посакувале во Бугарија. И токму оваа политика ќе ја  поддржуваме и ќе треба да бидете сигурни дека еден ден навистина луѓето од двете страни на границата да се чувствуваат како браќа  вели бугарскиот претседател Румен Радев во инетрвјуто за БГНЕС.
Тој денешната посета ќе ја започне со својот истомисленик и колега Ѓорѓи Иванов.

Слични содржини