Дали на некого совршено му одговара телефонот на Крпач да остане непробиен, без оглед на желбата на ОЈО да влезе во неговите тајни? И дали треба да веруваме дека телефонот на Крпач е позаштитен и од телефонот на поранешниот премиер?, одговорите на прашањата се во анализата на prizma.mk

ojo-kosta-krpac

Од Основното јавно обвинителство се жалат дека не можеле да го декодираат мобилниот телефон на Коста Крпач, поради што не успеале да истражат со кого разговарал во последните часови или денови од неговиот живот. Јасно е дека обвинителите не се технички остручени да „влезат“ во телефонот. И јасно е дека тоа можат да го направат исклучиво стручни лица. Но, од ОЈО тврдат дека телефонот марка „Сони“ имал лозинка, која дури ни стручните лица не можеле да ја пробијат.

Посредно ова е добра реклама за „Сони“, лоша за ОЈО и одлична криминална препорака за „стручњаците“. Не знам кои се тие што биле ангажирани, но во стручни кругови тврдењето за непробивноста на лозинката наиде на неверување и потсмев, а во една политичко-бизнис елита и на огромно задоволство од вака „завршената работа“.

Вистинското прашање во случајов е – дали на некого совршено му одговара телефонот на Крпач да остане непробиен, без оглед на желбата на ОЈО да влезе во неговите тајни? Односно, дали некој „стручно“ помага телефонот да остане нефункционален/невалиден како доказ? Па на крајот, како таков да биде стопен и со дробилица претворен во прав, а неговите тајни постхумно рассеани на некој отпад, за век и веков.

Иронично е што ваквото тврдење дојде истиот ден кога на Јутјуб беше објавено видео од хакирањето на електронската адреса на СЈО, со презентирање на разни преписки меѓу тимот на Јанева со новинари и други лица, и откако десетици други приватни телефонски разговори меѓу функционери од една партија и натаму слободно плутаат на социјалните мрежи, но досега без одговор како се нашле таму.

Наспроти нив, телефонот на Крпач останува единствениот нескршлив бедем! Вакви ситуации, ми го враќаат во сеќавање крикот на легендарниот Младен Делиќ: „Људи моји, па је ли то могуќе?

Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини