Реал Мадрид го освои трофејот во УЕФА Супер купот

од Vladimir Zorba

 

 

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид синоќа во преполната Национална арена „Филип Втори“ во Скопје ја победи екипата на Манчестер Јунајтед (освојувач на Лига Европа минатата сезона) со 2:1.

Головите за „Кралскиот тим“ ги постигнаа Касемиро (24.минута) и Иско (52).

Манчестер преку новото засилување Лукаку во 62.минута само успеја да го ублажи поразот на 2:1

За Реал ова е четврти трофеј во Супер купот, а втор во низа. Мадридскиот тим со тоа стана втората екипа по Милан, кој двапати последователно се радуваше на овој трофеј (1989 и 1990 година). Претходно Реал покрај минатогодишниот трофеј до кој стигна со победата над шпанскиот ривал Севиља 3-2, победи и во 2002 година против Феенорд (3-1) и 2014 година во Кардиф повторно против Севилја со 2-0.

Манчестер Јунајтед и по трет пат во низа не успева да стигне до трофејот кој „црвените ѓаволи“ го освоија пред 26 години, кога во 1991 година ја совладаа белградска Црвена Звезда.

Со овој триумф Реал ја продолжи доминацијата на шпанските екипи кои сега имаа 14 трофеи од Супер купот, пред тимовите од Италија кои имаат 9 трофеи, додека за англиските екипи останаа на седум триумф.

Скопје и Република Македонија се покажаа како одлични организатори на овој голем фудбалски настан кој беше пренесуван во над 200 земји ширум светот.

Европската фудбалска куќа и се заблагодари до Македонија за организацијата на европскиот Суперкуп – натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунатјед кој синоќа беше одигран на „Телеком Арена“ во Скопје.

Првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин по завршувањето на спектаклот во Скопје, упатиле благодарност до премиерот на Република Македонија – Зоран Заев и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски за одличната организација и домаќинството на европскиот Суперкуп.

УЕФА на социјалните мрежи упати благодарност до Скопје и Македонија за гостопримството, посебно нагласувајќи ја „фантастичната организација“ на Суперкупот.

„Благодариме Скопје. Фантастични домаќини на Суперкупот 2017“, порачаа од УЕФА.

Слични содржини