Регнум: Бугарија и Македонија се договорија за пријателство “во духот на европските вредности”

од Vladimir Zorba

Бугарија и Македонија на 1 август склучија Договор за пријателство, добрососедство и соработка, кој треба да стане нов врв во односите меѓу двете држави. Потписи под документот за време на церемонијата во Скопје оставија премиерите на двете држави, Бојко Борисов и Зоран Заев, пренесува Регнум.

 

Согласно договорот Софија и Скопје се откажуваат од територијални претензии една кон друга, обврзуваат да не преземаат и да не поддржат активности насочени против другата страна исто така ќе преземат мерки за спречување на малициозна пропаганда од страна на институциите и борба против лицата кои поттикнуваат омраза, насилство или други активности,

Што може да им наштети на билатералните односи.

Во документот се изразени намери да се зголеми билатералната соработка во областа на трговијата, енергетиката и транспортната инфраструктура, а исто така и стремеж кон меѓусебно поедноставување на царинските и погранични формалности.

 

Бугарија ги поддржува намерите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО. Страните исто така се договориле за заедничко празнување на датуми поврзани со општите историски настани и личности со цел “да се зајакнат добрососедските односи во духот на европските вредности”. Покрај тоа, договорот предвидува формирање на специјална комисија со претставници на претставници од двете земји, кои ќе се занимаваат со решавање на спорните историски прашања.

Слични содржини