Рејтингот на Путин до небо

од Vladimir Zorba

Цели 82% од Русите имаат позитивен став кон претседателот Владимир Путин, додека одобрување за  премиерот Дмитриј Медведев е 44 проценти.

Тоа  го покажува анкетата на социолошкиот центар “Левада”. Според истата 18% не го сакаат претседателот, а 54% премиерот. Во март истата студија покажа 42 отсто одобрување за Дмитриј Медведев, додека за Путин показателот бил ист.

По претседателот и премиерот највисоко одобрување добиваат министрите за надворешни работи и за одбрана, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу, односно 25 и 23 проценти.

Државната дума има позитива  од 42% од испитаниците, што е за 4 отсто повеќе од март. Анкетата беше спроведена во периодот 21-24 април со учество на 1.600 луѓе на возраст над 18 години.

Слични содржини