[РЕЦЕПТ] Многу лесна торта со ананас

од Vladimir Zorba

Состојки:
2 чаши брашно со нараснувач
1 прашок за пециво
1 чаша шеќер
500 г компот од ананас
Подготовка:
Исечете ги тркалцата ананас на ситно. Измешајте ги одделно брашното, шеќерот, ананасот и сок од конзерва/тегла од компотот. Промешајте со миксер.

Намачкајте со маргарин и брашно тркалезен калап за печење. Истурете го во него тестото за торта. За побезбедно можете да употребите хартија за печење. Печете до добивање златна боја или за околу 45 минути на температура 180-190 степени.

Слични содржини