Русија нема ништо со тоа-Генералното собрание на ОН ќе го сослуша новиот бугарски кандидат

од Vladimir Zorba

 

Генералното собрание на ОН во понеделник (3 октомври)  ќе го сослуша новиот бугарски кандидат за генерален секретар на Светската организација, Кристалина Георгиева, изјави претседателот на 71-та годишна сесија на Генералното собрание Питер Томсон. 1475212148-11

– Новиот бугарски кандидат за генерален секретар на ОН ќе биде третиран на исто ниво како и другите претенденти, истакна Томсон.

Георгиева е бугарски дипломат, а во моментов е европски комесар за буџет и човечки ресурси и поранешен економист во Светската банка, која во средата, успеа да влезе во натпреварот за највисоката функција во ОН.

Со тоа бугарската Влада ја претстави како нејзин кандидат, и ја даде потребната поддршка, која ја одземе од кандидатот Ирина Бокова, која беше номинирана во февруари.

БОКОВА ОСТАНУВА НА ЛИСТАТА, СО ЛИЧНА КАНДИДАТУРА , ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ОН

Како што одлучи Советот за безбедност на ОН, Бугарија на листата со претенденти за функцијата Генерален секретар на ОН, ќе има двајца кандидати, Георгиева и Бокова, со тоа што Георгиева ќе се претставува со поддршка од бугарската Влада, додека Бокова во лично својство.

5089202

Одлуката на бугарската влада да гја  замени кандидатурата на земјата за местото генерален секретар на ОН нема никаква врска со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. “Немаме никаква врска со оваа одлука, сакам да го истакнам тоа . Тоа е одлука на бугарското раководство. Многу би сакала  да верувам дека е суверено “, рече Захарова. “Штом се појавија некакви сугестии на тема учество на Руската Федерација во промената на кандидатот на Бугарија, јасно ја изразивме својата позиција: во такви  маргинални  или некулоарни игри не учествуваме”, истакна портпаролката. / ТАСС

Слични содржини