Никола Груевски и неговите послушници и соработници попладнево го извршија најголемото финансиско злосторство во историјата на Република Македонија и за тоа ќе одговараат!

sdsm-1_30

Незаконски, според досега достапните информации е издадена еврообврзница на износ од 550 милиони евра!

Каматата за ова најново задолжување што ќе треба да ја плаќаат граѓаните изнесува 5.875%.

Во услови на економски раст од 2%, камата од 5.875% за средства што ќе се користат само за непродуктивни и криминални цели, ја води економијата на Македонија во финансиски колапс.

Да ги почитуваа законите и да го прифатеа укажувањето на СДСМ да се издаде еврообврзница согласно постапката од ноември 2015 година, камата сигурно ќе беше помала.

Вкупната сума што ќе треба да ја отплаќаат идните генерации изнесува 776.2 милиони евра!

Јавниот долг на Македонија од денеска изнесува 5 милијарди евра или 54% од БДП и тоа без скриените долгови

Слични содржини