СДСМ: Поништената лустрација на Божин Павловски потврдува дека Груевски е креаторот

од Vladimir Zorba

„Поништувањето на лустрацијата на академик Божин Павловски од страна на Вишиот управен суд потврди дека Никола Груевски е креатор на лустрацијата.

Се потврдија предупредувањата на СДСМ и демократската јавност во Македонија дека во државава се спроведуваат политички монтирани процеси за пресметка со граѓаните кои
одбиваа да и служат на криминалната власт.

Груевски мора да ја понесе одговорноста за овие злодела врз граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини