СДСМ: Заради криминалот, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се готови да ја жртвуваат стабилноста на Македонија

од Vladimir Zorba

Ширењето на лажни вести, насилничката реторика и создавањето поделби меѓу граѓаните, само заради заштита на криминалот е најголемото антидржавно однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За да ги задоволат криминалните апетити и за да се спасат од одговорност, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да го блокираат целиот државен систем и да ја жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето, порача СДСМ денеска во реакција на денешната прес-конференција на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ниту една лага, ниту една закана за наводи редефинирања, промена на знамиња и имиња, нема да ја сменат реалноста во која ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, бидејќи мнозинството граѓани одлучно гласаше против нивните промашени политики. Граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и законите. Тие во огромно мнозинство избраа промени и заедништво и очекуваат квалитетен живот. Парламентарното мнозинство е должно тоа да им го обезбеди и тоа ќе го направи наскоро преку целосно почитување на Уставот и законите на Република Македонија“, нагласува СДСМ.
Партијата вели дека „Република Македонија ќе добие нов собраниски претседател, нова реформска Влада и инситуции кои ќе ја заштитат унитарноста и уставниот поредок на државата“.

Слични содржини