Никола Груевски многу добро знае дека според законските одредби на секој избран министер му следува дипломатски пасош.

vmro-sdsm

Или Груевски мисли дека може да ги дели дипломатските пасоши зависно од неговата лична желба, како што се случуваше во изминатите години?

Граѓаните добро го паметат последниот сериозен скандал со незаконското издавање на диплиматски пасош на Сашо Мијлков, братучедот на Никола Груевски.

Покрај одговорноста за овој огромен скандал прашање коешто дополнително треба да се утврди е уште колку вакви дипломатски пасоши издало МНР по налог на Никола Груевски и за какви цели.

Неодговорено остана и прашањето дали Сашо Мијалков го користел дипломатскиот пасош кога беше приведен на аердромот во Белград поради незаконско носење пиштол?

Медиумските курири можат слободно да продолжат да лажат. Но, нема повеќе МВРО-ВМРО.

СДСМ заедно со граѓаните ја враќа одземената контролна улога на граѓание на Македонија.

Никола Груевски целосно за загуби. Лагите во медиумските курири не може да му помогнат.

Збогум Никола!, пишува во соопштението од СДСМ

Слични содржини