Се излеа Поројска река

од Vladimir Zorba

  Поплавени ниви, затрупан дел од магистралниот пат Тетово – Јажинце, оштетена водоводна мрежа. Ова се штетите кои ги предизвика Поројска река која се излеа, откако попладнево тетовско го зафатија обилни врнежи од дожд.


Патот Тетово – Јажинце моментално се расчистува од градежна механизација, по него се обраќаат возила, но со прекини.

Во селото нема регистрирано оштетување на инфраструктурата.

Поројска река се излеа и минатиот месец, при што беа уништени два моста, оштетен беше и мостот на Магистралниот пат Тетово – Јажинце под кој поминува реката, а поплавена беше огромна земјоделска површина .

Слични содржини