Утрово кон Табановце, од железничката платформа на прифатниот камп во Гевгелија, замина еден воз со околу 600 мигранти. Tрет ден по ред се намалува бројот на мигрантите кои кај нас пристигнуваат преку Грција.

мигран грве

Во текот на изминатото деноноќие, од Гевгелија за Табановце заминале три специјални возови со околу 2.200 мигранти и оти сè уште не е повикан воз за превоз на мигранти.

Бројот на мигранти е намален и според процените на УНХЦР и на меѓународниот Црвен крст, кои велат дека низ земјава вчера транзитирале околу 2.600 мигранти, вклучувајќи ги и тие што како превозни средства ги користат автобусите и такси-возилата.

 

МЕТА

Слични содржини