Седумгодишно девојче се бори за живот по тешка сообраќајка кај Охрид

од desk3

Седумгодишно девојче од Валандово се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Охрид-Кичево, соопшти МВР.

Несреќата се случила во 5 и 15 часот, кај село Требеништа, кога Љ.К. (26) од Валандово, со автомобил поло со валандовски регистарски ознаки изгубила контрола над возилото, кое излетало од патот, по што се превртело на кров.

Тешко повреденото девојче било пренесено во Општа болница Охрид, од каде поради сериозноста на повредите било пренесено во Клинички центар Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршила екипа СВР Охрид.

Слични содржини