IMAG2443-860x680

Од оваа борба нема откажување! Нема да не заплашат заканите и притисоците! Нема да не заплашат повици за информативни разговори! Протестирам е прво лице еднина, но сите ќе бидеме солидарни се додека луѓе се под притисок на режимот. Протестирам затоа значи и грижа за другите, пишува во најавата за денешниот протест на „Фејсбук“ страницата.

„Марширајќи по улиците се ослободуваме, а сега чекориме кон институциите за да ги ослободиме и нив. Нашите зборови, свирежи и бои се предвесник на едно ново време. Време на активни граѓанки и граѓани кои ќе ги зауздаат разулавените и одметнати институции. Затоа, ние ја одбираме улицата и порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестирам ќе станува блокирам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“, се вели во најавата.

Протестот и денеска ќе започне во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство.

Инаку денеска на информативен разговор во полициската станица „Беко“ беа Мирјана Најчевска и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет, а повикан на разговор во полиција е и активистот Замир Мехмети.

Слични содржини