Шекеринска: Главните насилници од Собранието биле изманипулирани да напаѓаат

од desk2

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по одлагањето на денешното рочиште, во кое обвинет е нејзинот напаѓач, Панче Ангелов, за настаните од 27 април во Собранието, изјави дека главните насилници биле изманипулирани да вршат насилство.

„Насилството не се исплаќа, насилството се казнува“, рече Шекеринска.

„Бевме стрпливи овие неколку месеци, иако не беше лесно. Ако е ова само дополнително чекање, не мислам дека е проблем. Верувам во правото на секој обвинет да има адвокатска помош“, изјави Шекеринска./A10n

 

Слични содржини