Шеќерот ги буди ќелиите на карциномот и го прави поагресивен

од desk2

Научниците откриле дека шеќерот ги буди ќелиите на карциномот и со тоа ја прави болеста поагресивна.


Резултатите од двегодишното истражување во Белгија објавени во магазинот Nature Communications, се сметаат за клучни во истражувањето на ракот затоа што научниците конечно го разјаснија Варбурговиот учинок, феномен во кој ќелиите на ракот брзо ги разградуваат шеќерите и на тој начин стимулираат раст на туморот.

Проектот почна во 2008 година со нагласок на тоа како туморите значајно го претвораат шеќерот во лактат во однос на здравото ткиво. ДО сега не беше јасно дали тоа е симптом или причина за карциномот. Но, ова истражѕвање дава докази за позитивната корелација меѓу шеќерот и онкогениот потенцијал во канцерогените ќелии.

„Нашето истражување открива како зголеменото конзумирање шеќер во канцерогените ќелии доведува до магичен круг на континуирана стимулација на развој и раст на ракот. Според тоа, се објаснува поврзаноста меѓу силата на Варбурговиот учинок и агресивноста на туморот“, вели професорот Јохан Тевелин.

Истражувачите сметаат дека овие резултати ќе имаат сеопфатни последици и ќе пружат темел за идните истражувања во оваа област како и врз прилагодувањето на диетата за пациенти со рак.

Слични содржини