Шпанската полиција го идентификуваше возачот од Барселона

од desk2

Шпанската полиција го идентификуваше возачот на комбето од Барселона, кој изврши терористички акт во градот во четвртокот вечер, пренесе АФП.

На 17 август комбе удри во група луѓе на улицата Ла Рамбла во Барселона, при што беа убиени 13 лица. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава.

Потоа каталонската полиција спречи уште еден напад во градот Кабрил, во јужниот дел на автономната шпанска област, при што уби петмина терористи кои се обиделе да извршат терористички акт, сличен на оној во Барселона.

„Се укажува на тоа дека возач бил Јунес Абујакуб“, наведе полицијата и додава дека по тој Мароканец од 22 години во цела земја се трага, а не се исклучува и можноста дека е пребеган во Франција.

За сега малку се знае за судбината на Абујакуб. Неколку часа по нападот во Барселона, едно лице е убиено, а шест ранети во напад со автомобил на шеталиштето во одморалиштето Камбрил, околу 120 километри јужно од Барселона.

Полицијата ги уби сите пет напаѓачи.

Весникот “Ел Паис” објави дека имамот од каталонски град Рипол, провинција Жиро, Мароканецот Абделбаки ес Сати, е главниот организатор на терористичките акти. Се тврди дека имамот е водич на терористичка ќелија и е одговорен за радикализирањето на терористите и поттикнувањето да ги извршат нападите во Барселона и Камбрил./БГНЕС

Слични содржини