Што бара ДУИ, што ветуваше СДСМ?

од desk2

Од партиите не откриваат многу за тоа до каде се преговорите за формирање мнозинство. Аналитичарите оценуваат дека нема многу големи разлики, но и дека ѓаволот е во деталите, информира РСЕ.


Повеќе од два месеца по изборите без влада и без транспарентни информации во јавноста што се случува во преговорите за формирање мнозинство, пред се меѓу СДСМ и ДУИ.
Во тек се внатрепартиски консултации, кратко одговараат од СДСМ на прашањето дали доставиле писмени материјали до ДУИ, како што јавно побара претседателот на партијата Али Ахмети.

Навидум не изгледа дека има многу спорни прашања меѓу двете страни, но сепак ѓаволот е во деталите, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Употреба на албанскиот јазик

Од партијата на Заев се молчаливи за тоа што е прифатливо за нив од барањата на трите партии на Албанците, постојано повторувајќи дека ќе кажат од како ќе го добијат мандатот. По средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, Заев изјави и дека е отворен за преговори, но оти и тие имаат црвени линии.

“Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”, пишува во изјавата што ја потпишаа Беса, ДУИ и Алијансата за Албанците.

Ова, според досегашните изјави на Заев и изборната програма на СДСМ, не би требало да биде прифатливо за партијата.

„Ниту Устав ќе се менува, ниту има потреба од промена на некои законски решенија. Постојниот Устав и постојниот закон дава можност за практична реализација на потребите на граѓаните од овој аспект“ тврдеше Заев пред изборите.

Сите барања од платформата кои предвидуваат промена на Устав не зависат од СДСМ, туку од сите фактори оти за нив е потребно двотретинско мнозинство, вели Муслиу.

„Општо не гледам прашања што би биле суштински проблематични за двете страни, но секако треба да се покаже добра волја и одлучност за тоа да се сработи“ вели Муслиу.

Локална самоуправа

Во однос на зголемената моќ на општините платформата не е многу конкретна, па во неа се бара создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини