Што пишува во проектот на Декларацијата од Рим!

од desk2

 

Лидерите на 27- те земји од ЕУ (без Британија) ќе се обидат на средбата во Рим во саботата да демонстрираат единство по одлуката на Британците да ја напуштат Унијата.

Составувањето на завршната Декларација од Рим е комплицирано за претставници на десетици држави, од кои дел – како Грција или Полска – инсистираа до последно да се додаваат промени и нови акценти.

Еве како изгледа текстот според “Ројтерс” на 24 март изутрина:

Изјава од Рим
25 март 2017г.

Ние, лидерите на 27 земји членки и институциите на ЕУ, се гордееме со постигнувањата на Европската унија: градењето на европското единство е смел и прогресивен потфат. Пред 60 години, опоравувајќи се од две светски војни, решивме да се сплотимеи и повторно да го изградиме континентот од пепелта.

Ние изградивме уникатна унија со заеднички институции и силни вредности, една заедница на мир, слобода, демократија, човекови права и владеење на правото, голема економска сила со невиден степен на социјална заштита и благосостојба.

Европското единство започна како сон на малкумина и стана надеж за мнозина. Тогаш Европа повторно се обедини. Денес ние сме обединети и силни: стотици милиони во Европа уживаат од тоа да живеат во проширен Сојуз.

Европската унија се соочува со невидени предизвици – како глобални, така и внатрешни: регионални конфликти, тероризмот, растечки миграциски притисок, протекционизам и социјална и економска нееднаквост. Заедно ние сме решени да се справиме со предизвиците на брзо менување на светот и да им понудиме на граѓаните безбедност и нови можности.

Ќе ја направиме Европската унија посилна и постабилна преку уште повеќе единство и солидарност меѓу нас и преку почитување на општите правила. Единството е истовремено неопходност и наш слободен избор. Ако дејствуваме одделно, ќе бидеме оптоварени од глобалната динамика. Останувајќи заедно ја задржуваме најдобра шанса да влијаеме на светските настани и да се заштитиме заедничките интереси и вредности.

Ќе дејствуваме заедно, на различни места и со различен интензитет – каде што е потребно – додека во исто време се движиме во иста насока, како што сме правеле во минатото и во согласност со договорите и ќе ги држиме вратата отворена за сите оние кои сакаат да се приклучат подоцна.

Нашиот сојуз е неразделен и е неделив.

Во следните 10 години сакаме Сојуз, кој е заштитен и сигурен, просперитетен, конкурентен, одржлив и социјално одговорен, како и со волјата и капацитетот да игра клучна улога во светот и во обликувањето на глобализацијата.

Сакаме унија, каде граѓаните имаат нови можности за културен и општествен развој и економски раст.

Сакаме унија, која останува отворена кон оние европски држави кои ги почитуваат нашите вредности и се одадени кона ширењето. Во овие денови на промени и како да имаме предвид загриженоста на нашите граѓани, ние сме посветени на Дневниот ред од Рим и ветуваме да работиме за:

1. Сигурна и безбедна Европа – сојуз, во кој сите граѓани ќе се чувствуваат заштитени и можат слободно да се движат; каде надворешни граници се сигурни, со ефикасна, одговорна и одржлива имиграциска политики, која ги почитува меѓународните норми; една Европа, решена да се бори против тероризмот и организираниот криминал.

2. просперитетна и стабилна Европа – сојуз, која создава раст и работни места; унија, каде има силен, врзан и просперитетен единствен пазар, перцепција за технолошката промена, како и стабилна и засилена уште повеќе единствена валута, која отвора можности да расте, да ги намалуваа разликите меѓу одделни земји, конкуренција, иновации и размена – особено за малите и средни фирми; унијата им помога за одржлив раст, потпомага преку иневстиции, структурни реформи и работа за завршување на економската и монетарна унија; унија, во кој економиите се спојуваат; унија, во кој енергијата е безбедна и достапна, а животната средина е чиста и безбедна.

3. Социјална Европа – сојуз, основана на одржлив раст, помага при економскиот и социјалниот напредок, како и израмнување и спојувањето на економиите, додека во исто време се одржува интегритетот на внатрешниот пазар; унија, од која се почитува различноста на националните системи и клучната улога на социјалните партнери; унија, која ја развива еднаквоста помеѓу жените и мажите, како и правата и еднакви можности за сите; унија, која се бори со невработеноста, дискриминацијата, социјалната исклученост и сиромаштијата; унија, во кој младите ги добиваат најдоброто образование и обука и можат да учат и да бараат работа во целиот континент; унија, која го чува своето културно наследство и ја поддржува културната разновидност.

4. Силна Европа на глобалната сцена – унија, која ќе гради постоечкие партнерства, ќе гради нови и ќе ја помага стабилноста и просперитетот меѓу непосредните соседи на исток и југ, но исто така и на Блискиот Исток, Африка и во светот; унија, која е подготвена да преземе повеќе одговорности и да помага за создавање на повеќе конкурентна и интегрирана одбрана индустрија; унија, оддадена на зајакнување на општата безбедност и одбрана во соработка и како дополнување на НАТО, ги зема предвид националните особености и правните обврски; унија, посветена на ОН и стои зад систем на мултилатерални односи, основана на јасни правила, горда на вредностите иго штити народот свој, развива слободнаа и фер трговија и позитивна политика за глобалната клима.

Ќе ги извршуваме овие цели со цврста вера дека иднината на Европа е во нашите сопствени раце и дека Европската унија е најдобар инструмент за постигнување на целите. Ние ветуваме дека ќе слушаме и ќе одговараме на вознемиреностите на нашите граѓани, како и да се обврзуваме со националните парламенти. Ќе работиме заедно на ниво кое постигнува вистинска промена – Европска унија, национално, регионално или локално, и во духот на доверба и искрена соработка, како меѓу земјите членки, така и меѓу нив и институциите на ЕУ во согласност со принципот на супсидијарност.

Ќе го обезбедиме потребниот простор за маневрирање на различни нивоа за јакнење на европската иновативност и потенцијал за раст.

Сакаме Унијата да биде голема за големите прашања и мала по малите.

Ќе го развиваме демократскиот, ефикасен и транспарентен процес за донесување одлуки и постигнување на подобри резултати.

Ние, како лидери кои работиме заедно во Европскиот совет и институциите, ќе гарантираме дека денешниот ден ни е Агенда ќе биде спроведена така што да стане утрешнат реалност.

Здружени сме за нешто подобро.

Европа е нашата заедничка иднина.

Слични содржини