Швајцарците одлучуваат на референдум за овластувањата на разузнавањето

од Vladimir Zorba

Швајцарците денес на референдум одлучуваат дали разузнавањето да ја зајакне  способноста за борба против растечките закани.

biznisi

Швајцарците одлучуваат денес на референдум дали разузнавањето да ја зајакне својата способност за борба против растечките закани кои доаѓаат од шпиони, хакери и екстремисти. Новиот закон, кој беше усвоен од Парламентот пред една година, но кој уште не влегол во сила, ќе им дозволи на Федералната разузнавачка служба и другите органи да ги прислушуваат телефоните, да прегледуваат пораки , да ги следат интернет активностите и да постават скриени камери и микрофони на осомничени, но само доколку добијат дозвола од федералниот административен трибунал и од федералните советници.

Поддржувачите на новиот закон велат дека мерките се неопходни за да може Швајцарија да е во чекор со другите земји кои имаат прилично повеќе правни можности за справување со киберпрестапите  или напади на екстремисти. Референдумот беше баран од противниците на новиот закон. Според нив ќе бидат нарушени граѓанските слободи, мерките нема да бидат доволни за справување со тероризмот и ќе биде загрозена неутралноста на Швајцарија, принудувајќи ги властите да работат и да зависат повеќе од странските партнери, за да се борат со заканите.

Слични содржини