Денеска напладне во Скопје ќе бидат одржани протест  и контра протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај.

Работнички-протест-за-први-Мај-10

Протестот  е во организација  на Синдикатот на новинарите и медиумските работници, Синдикатот на УПОЗ и МЕССО, Синдикатот на дипломатската служба, Синдикатот на вработените во културата, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, како и  левичарските движења „Солидарност“ и „Ленка“ Тие, како што најавија, ќе протестираат против постојаното кршење на работничките права и задушувањето на синдикализмот.

11182055_900390983336569_430825525324018574_n

По неколкугодишна пауза и Сојузот на синдикатите на Македонија  во исто време повикува да маршираат  до порта Македонија , не пред владата или институциите, во знак на одбележување на денот 1 мај празник на трудот. Познавачите ова го дефинираат како контрапротест на синдикализмот бидејќи за вистинските синдикалци на овој ден не се празнува и одбележува тоа што другите се бореле за работнички права , туку синдикалецот и денес и утре и секој ден, мора да се бори  и да ја извојува социјалната правда

први мај

Протестот на потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права ќе започне пред споменикот на Синдикатите меѓу двете светски војни, во близина на автобуската постројка на Југодрво, а предвидено е да заврши пред Владата на Република Македонија. Тие на протестот ги повикаа и студентите, средношколците и сите граѓани , оти како што велат, токму тие покажале дека има можност и начин да се биде гласен и да се принудат властите да го слушнат народот.

Слични содржини