Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) со протестен марш ќе го одбележи 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

download (2)

Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски денеска на прес-конференција рече дека со маршот ќе го искажат незадоволството од законите за административни службеници и за судска служба.

Според него, овие два закона не се реформски и европски и нивната цел не е да се создаде професионална администрација и да се стимулираат вработените на поквалитетна работа.

– Најспорна е оценката, односно оценувањето на административните службеници затоа што оценувачот учествува со 65 проценти од просечната оценка од четири други административни службеници со кои службеникот непосредно соработувал и тоа со двајца од повисоко и двајца од пониско ниво, рече Грујовски.

УПОЗ има изработено и два флаера во кои се наведени дел од новите закони за, како што рече Грујовски, вработените да се запознаат што ги очекува.

Грујовски информираше дека по некои решенија од Законите за административни службеници и за судска служба, УПОЗ има поведено иницијатива пред Уставниот суд.

Слични содржини