Седум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи синоќа  на кружниот тек кај месноста Црн Мост во Битола.  Повредените со  неколку возила на итната медицинска помош се пренесени   во Клиничката болница во Битола, но  сите  се надвор од животна опасност.10

Несреќата се случила  после 20 часот, при судир на две возила, едното со битолски, другото со прилепски таблички.Иако  кружнит  тек на Црн Мост требаше да го растоварат сообраќајниот метеж во градот., граѓаните   забележуваат дека овој  кружен  тек  е премногу  комплициран   и возачите тешко се снаоѓаат на него, а  ова сложено сообраќајно решение  станува потенцијална нова  сообраќајна црна точка.

Слични содржини