Најмалку 36 луѓе загинаа и 147 се повредени во вчерашниот троен самоубиствен напад на истанбулскиот аеродром Ататурк.1EB6A726-91AB-4BA0-840F-7648A309047B_cx0_cy4_cw0_w987_r1_s_r1

Турскиот премиер Бинали Јилдирим нагласи дека првите знаци укажуваат дека станува збор за напад извршен од т.н. исламска држава.

Напаѓачите почнале синоќа околу 22 часот да пукаат на влезот од меѓународниот терминал на аеродромот во Истанбул и подоцна се разнеле со експлозив што го носеле на себе, соопштија турските власти.

Тоа е најсмртоносен од четирите терористички напади во Истанбул од почетокот на годната во кои за два се одговорни џихадисти, а за еден курдска милитантна организација.

Иако засега никој директно не презеде одговорност за синоќешниот наапд, „доказите упатуваат на ИД“, рече Јилдирим.

Тој рече дека меѓу загинатите има и странци, но не даде детали.ист

Јилдирим изјави дека бомбашите самоубијци дошле на аеродромот со такси, а потоа отвориле оган врз патници од автоматско оружје, по што активирале експлозив.

На една од снимките се гледа кога одекнала една од две експлозии. На друга се гледа напаѓач облечен во црно како влетува во зградата на терминалот, а потоа паѓа откако најверојатно е погоден од полициски куршум, по што се разнел со експлозив.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика да се покрене меѓународна „заедничка борба“ против тероризмот, додека западни сојузници на Турција меѓу кои и САД остро го осудија нападот.

Повеќе од 60 милиони патници годишно го користат тој аеродром во Истанбул.

 

бомба

Ова е последната стаистика на загинати во терористилките напади во Турција

2016

7 јуни, Истанбул – Седум полицајци и четворица цивили ги губат животите во експлозија на автомобил бомба во напад за кој одговорност презеде курдска милитантна организација ТАК

19 март, Истанбул – Во самоубиствен напад извршен на прометна улица загинуваат четири луѓе. Одговорност презеде ИД.

13 март, Анкара – 34 луѓе жртви во експлозија на автомобил бомба. Одговорни – ТАК, курдска милитантна организација

17 февруари, Анкара – 29 загинати во воени автобуси, одговорност презеде ТАК.

12 јануари Истанбул – 11 Германци убиени од сириски бомбаш во туристичка зона.

2015

10 октомври, Анкара: Повеќе од 100 загинати за време на мирен протест во близина на железничка станица. Одоговорност презеде ИД.

Слични содржини