Претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева, смета дека според она што е објавено од полицијата и од премиерот Никола Груевски, не може да се заклучи дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го сторил кривичното дело за кое се терети – Насилство спрема претставници на највисоките државни органи-информира НОВА

– Во случајов четвртообвинетиот (н.з. Зоран Заев) се сомничи дека кривичното дело го сторил во обид, а останатите тројца осомничени му помагале. Овде постои правна ситуација поврзана со казнивоста на обидот за ова конкретно кривично дело, а со тоа и за казнивоста на помагањето на делото кое останало во обид. Имено, законодавецот предвидел дека обидот се казнува како довршено кривично дело кај сите потешки дела за кои е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна, како и за другите кривични дела за кои законот пропишува казнување за обид. Во оваа ситуација тоа не е случај, односно казнувањето за обид на ова конкретно кривично дело не е пропишано.

Исто така, по своето битие ова дело е идентично со кривичното дело присилба, за што е потребно да била употребена сила или сериозна закана за да се присили друг да стори или да не стори или да трпи нешто, а покрај умислата, субјективната страна на делото ја карактеризира посебна намера за загрозување на уставниот поредок или безбедноста на државата. Од опишаните дејствија не може да се заклучи дека се исполнети битијата на ова кривично дело – вели Тасева .

Повеќе ТУКА

Слични содржини