Словенија од полноќ повеќе нема да прима мигранти без валидни пасоши и визи, со што практично ќе биде атворена „балканската рута“, соопшти српското Министерство за внатрешни работи, а Србија истите мерки ќе ги применува на границите со Македонија и Бугарија.ограда

Хрватска го информирала српското МВР дека од полноќ Словенија почнува да применува нов режим за влез во Шенген зоната.

– Имајќи го предвид новиот режим кој го применува членка на Европската Унија, Србија не може да дозволи да стане собирен центар за бегалците, така што сите мерки ќе ги усогласува со ЕУ и реципрочно ќе ги применува на својата јужна и источна граница, кон Македонија и Бугарија, се наведува во соопштение од српското Министерство за надворешни работи, кое го пренесува РТС.

Слични содржини