(ВИДЕО) Случај “Таргет: Притовори нема, а собрани се доволно материјални и вербални докази за отворање на истрага за прислушувањето !

од desk3

sjo

 

СЈО денеска ја стартува истрагата за прислушувањето под кодно име “Таргет”. Според Јанева собрани се доволно материјални и вербални докази за отворање на истрага .

Според обвинителката Фатиме Фетаи  биле вмешани 10 лица кои незаконите прислушувале. Доказите упатуваат дека од 2008 до 2015 незаконски биле следени 4286 броеви за  кои не биле изадени судска наредба, односно вкупно 5827  вклучително со оние за кои подоцна биле издадени наредби. Биле употребени 3 различни системи на прислушување.

Доказите упатуваат дека во 2008 тројца осомничени давале налози за венсување, но и самите внесувале броеви без судски наредби и прислушувале.

Со вториот систем биле следени најмалку 221 телефонски број. Тој бил во употреба од 2008 до 2015 год. Со тој систем биле следени 3646 броеви.

target-sjo

Преку третиот систем во истиот прериод биле следени околу 600 броеви.

Првосомничениот пристапувал кон прислушување, но и давал наредби за внесување на телефонски броеви за прислушување биснисмени, политичари и новинари.

Второосомничениот , прислушувач заедно со прво осомничениот, а некогаш и сам го организирал прислушувањето. Тој бил запознаен со сите лозинки за пристап во системот за прислушување и самиот внесувал броеви, но и ги прислушувал.

Третоосомничената, како раководно лице во УБК, без наредби, проследувала броеви кои требало да бидат внесени во системите со налог до кој краен корисник требало да ги проследи комуникациите.

Двајца од останатите осомничени, ги внесувале броевите. Останатите создавале транскрипити кои им ги давале на прво и второ осоминичениот.

Ваквото прислушување го забележало едно лице, кое ги прибавило транскриптите и дел од  материјалите, кој ги предал на друго лице, која пак ги дал на лидер на политичка партија.

Меѓу следените биле новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Горан Михајловски, а овие лица биле само дела од останатите следени новинари, бизнисмени и политичари.

Според Фетаи истрагата била отежната од уништувањето на системите за кои се води истрага во случајот “Тврдина”.

Според СЈО, биле следени и министрите Гордана Јанкуловска и Милејанакиевски, лидерите на партиите ДУИ- Али Ахмети и ДПА- Мендух Тачи, Љубе Бошковски, но и Муса Џафери и бизнисменот и поранешен премиер Хари Костов кој бил прислушуван 732 дена.

Обвинителката Ленче Ристоска одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека Специјалното јавно обвинителство нема да побара одредување мерки за претпазливост за осомничените во новата истрага „Таргет“.

“Нема да бидат побарани мерки за претпазливост, бидејќи во овој момент сметаме дека не е целисходно да има вакви мерки. Доколку ситуацијата се смени, секако ќе побараме. Со оглед на сосомничените и со оглед на состојбите, сметаме дека не постојат околности дека овие лица можат да го повторат делото или во краен случај да избегаат”- рече Ристоска.

 

Слични содржини