Смешна вест од Киев: Суд дозволи претрес и заплена во администрацијата на Путин во Москва!

од desk3

 

Судот во Печорската област на Киев одобрил да се претресе администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, соопшти “Русскаја Весна”. Инспектор по особено важни случаи на Генералното обвинителство на Украина побарал од судот пристап до предмети и документи кои се наоѓаат во владение на приемната адреса на на администрацијата на претседателот на РФ : Москва, ул. Илинка №23.

Како што објаснил истражителот пред судот “, на 1 март 2014 година државјанин на Украина, се самоотстранил на 21 јануари 2014 година на неуставен начин од ингеренциите на претседателот на Украина и престојувал на неизвесност место во РФ, се обратил со писмено барање до претседателот на РФ со барање да ги користи вооружените сили на оваа земја на територијата на Украина “.

Фактот за обраќањето на Виктор Јанукович до Путин бил објавен од претставникот на РФ во ОН на седници на Света за Безбедност на 1 и 3 март 2014 година, тој дури покажал фотокопија на обраќањето.

Документот бил потребен на истрагата за вршење на експертиза за утврдување на автентичноста на ракописот. За целта му бил потребен оригиналниот документ.

Украинскиот суд одобрил присилно одземање на документот од администрацијата на претседателот Путин и утврдил рок за извршување на одлуката од 30 дена.

Слични содржини