Спасовски: Грујевски и Бошковски да не се плашат од враќањето дома

од desk4

Министерот Спасовски засега претпоставува како и кога Горан Грујовски и Никола Бошкоски ја напуштиле Македонија. А тука, сигурен е Спасовски имале помагачи, но не кажува кои, информира Телма.

Поранешните началници во УБК сепак успеале да ја напуштат Македонија, но во Грција се фатени со фалисфикувани бугарски пасоши. Беа на суд, но нивното рочиште е одложено за во вторник. Поранешниот началник на 5-тата управа Горан Груевски и неговиот заменик Никола Бошкоски, десет години беа во врвот на УБК, каде се слевале информациите за се што се случува во Македонија. Сега од грчки суд двајцата велaт дека не сакаат екстрадиција затоа што се плашат од МВР и она што ќе им се случи во татковината, од која избегаа со потерници за нив.

Македонските правосудни органи имаат рок од 40 дена да го подготват барањето за екстрадиција на Грујовски и Бошкоски, кои се осомничени за злоупотреба при нелегално прислушување во Македонија и за уништување на системот за следење на комуникации и пратечката документација.

Слични содржини