Заедницата на судии и контролори на Ракометниот сојуз на Србија заклучи дека изедначениот резултат на Македонија против Србија на првенството во Полска бил нерегуларен и дека репрезентацијата на Србија била оштетена.

hitportal-makedonija-rakomet

Македонија во последната секунда со голот на Дејан Манасков дојде до реми (27:27) и пласман во вториот круг заблагодарувајќи се на подобрата гол разлика.

„Како најдрастичен пример кој директно влијаеше на исходот на мечот беше кога противничката екипа постигна апсолутно нерегуларен гол. Крилото кое доцнеше постигна гол, прво направи престап пред изведувањето на почетното фрлање, каде стекна недозволена предност,потоа недозволиво го искористи просторот надвор од теренот протрчувајќи низ аут и повторно стекна недозволива предност, за на крај истиот играч да земе залет надвор од теренот“, стои во соопштението на Заедницата.

Понатаму се наведува дека на Србија на брутален начин и е оневозможено да го продолжи натпреварувањето во Полска.

„Покрај тоа, Заедницата на судии подготви комплетна анализа на судењето на натпреварот кое имало избилни пропусти на штета на Србија,за што јавноста ќе биде известена“, пишува натаму.

Во видеото е „Златниот гол“ на Манасков со кој Македонија го продолжи натпреварувањето во вториот круг на ЕП во Полска.

 

Слични содржини