Струмичките средношколци во голем број излегоа на протест и кажаа не за овој образовен процес, не за сегашните тестирања.Тие порачаа дека одговорните не биле веродостојни и затоа како што велат дошло време тие да ги диктираат правилата на игра. Велат мака ни е веќе од нивната одбивна арогантност, неправда криејќи се во своите фотелји креирајќи таканаречени реформи.

srednoskolci-naslovna-700x357

„Образовниот систем е претворен во лично претпријатие, во нова можност да ги исполнат сопствените џебови. Ограничени во своите сфаќања ни наложуваат нови тестирања, а се заборави на знаењето. Зарем тоа не беше најбитното нешто, што ќе смени некој од нас колку научил математика доколку истата ја полага на матура. Проблемот е во самиот образовен процес, а не во проверките на истиот, затоа гласно и јасно кажуваме НЕ на непотребните тестирања и стресови, вели Катерина Караманова, средношколка од СОУ „Јане Сандански“.

sred-protest-300x200

Средношколците побараа работилници, лабаратории, веродостојни книги напишани од доктори и академци, а не како што потенцираа од луѓе блиски до власта.

„Дајте ни избор направете ни простор слободно да дишеме и престанете да не влечете во бездната во која самите вие тонете. Погледнете ја внатрешноста на нашите училишта и кажете ни што гледате, дали овие простории полни со влага и испокршени столови се достојни во нив време да поминуваат идните академски граѓани. Но дали вашите канцеларии ги имаат ваквите проблеми, сепак вие сте власт во ова држава а ние обични ученичиња кои треба да прифатат се што им се сервира. Е па се лажете, добар граѓанин не е секој оној кој што прифаќа се што државата му го наложува, туку оној кој нема страв да каже нешто кога не е во ред“, рече Караманова.

Тие порачаа дека нивната борба започнала поради екстерното тестирње и новиот концепт на државна матура кој јасно и децидно го отфрлиле. Побараа од своите соученици, наставници и родители да ја издвојуваат оваа борба до крај за идните генерации и за самото образование.

Извор:24 струмица

Слични содржини