Студентското друштво „Искра“ од Словенија изразува поддршка до нивните колеги во Македонија, поточно до Студентскиот пленум кој прогласи Автономна зона на повеќе факултети, како одговор на присилното донесување на нови реформи во високото образовнаие. По четири месеци од отпорот за новиот закон за високо образование и со масовни протести македонските студенти немале друг избор освен да ги „преземат” нивните факултети, велат студентите од Словенија.

Тие се поистоветуваат со барањата на Студентскиот пленум како што се нејасното воведување на Болоњскиот систем на студирање, неодржливиот систем на финансирање на јавното образование, недоволните услови за унапредување, присуството на корупција и дискриминација, ниското финансирање на научно истражување од државата и корумпираните студентски претставници. Посочуваат дека студентите со овој пристап се обидуваат да ја повратат неколкукратно прекршената автономија на универзитетите.

„Во цела Европа и во другите земји, сведоци сме на процес на комерцијализација и елитизам во високото образовање преку кои сме подредени на барања на пазарот, на присилни поврзувања со стопанство и воведување на платените форми на образованието. Но, борбата не смее да се заврши само во барања на реформите на систем на образование. Проблемите на високо образовање и егзистенцијалната вознемиреност на студентите треба да се стават во поширок контекст на искористување и вложување на социјалната положба на работниците во европската периферија. Само преку проблематиката и борбата против системот кои се базираат на искористување на големината во корист на капиталот, можеме да ги постигнеме промените на подобро.Утопични се очекувањата дека високо образование може да се исклучи од процесите на неолиберална трансформација“, порачуваат од „Искра“ со текст на словенечки и на македонски јазик објавен на веб страницата на здружението.

Слични содржини