Судот го потврди обвинението за „Тврдина – Таргет“

од desk2

Кривичниот совет кој работи на оценка на обвинението за предметот „Тврдина – Таргет“ дал зелено светло, потврдуваат од СЈО и од Кривичниот суд.

Во овој предмет обвинети се и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, чија екстрадиција од Грција се очекува. Од Судот велат дека во следниов период обвинението ќе биде распоредено кај судија, по што ќе биде определен и датум за судењето./24 Вести

 

Слични содржини