Поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи синоќа имаше средба со Ријасетот на која во присуство на 12 муфтии го осуди упадот во просториите на ИВЗ.

7680

Муфтиите бараат од институциите да дејствуваат за зачувување на верската исламска институција.

Според Реџепи, станува збор за група којашто е изманипулирана и политички злоупотребена за поттикнување на конфликт. Тој смета дека групата која направи упад во ИВЗ има поддршка од полицијата бидејќи, како што рече, иако добиле наредба од Обвинителството да дејствуваат, не прават ништо за да ги растераат лицата од ИВЗ.

– Имам информации дека Јавното обвинителство и Јавниот обвинител ја имаат завршено својата работа и нивната одлука треба да се имплементира, да се изврши. Како што изгледа, оваа работа се одолговлекува, истакна Реџепи.

Тој ги повика верниците да не подлегнуваат на провокации.

– Им давам можност на институциите на редот да докажат дека се во служба на правдата, пред Ријасетот да преземе чекори за враќање на имотот на ИВЗ, рече Реџепи.

И претседателот на Собранието на ИВЗ, Хаки Агуши, го осуди денешниот упад во Скопје. – Верувам дека нема ниту еден оџа, ниту еден муслиман што се согласува со ова, бидејќи има и други методи за да се дојде до договор, а да не користи насилство, истакна Агуши.

 109437
Скопскиот муфтија, пак заедно со неколку свои приврзаници, меѓу кои и разрешениот генерален секретар на ИВЗ Африм Тахири тврдат дека Реџепи повеќе не е поглавар.
Расколот во заедницата почна уште минатата недела, реисот од јавна говорница ги навредувал оџите, тврдеше скопскиот муфтија.   Таму  според очевидци се случил и првата а жестока тепачка меѓу нив , која пред медиумите ја демантираа обајцата.  Потоа муфтијата побара извинување од поглаварот, но доби отказ, а реисот доверба од ријасетот.
Добро упатени извори  за локално.мк  велат дека сепак целата ујдурма е врзана за голем профит и пари  кои можат да се добијат од денационализирано земјиште во чија сопственост сега сака да се јави ИВЗ а не скопското муфтиство, кое ја одработило целата работа. Спорот е бизнис а не верата, и токму и поради тоа партиите до толку и не се инволвираат барем не засега , а и воздржана е реакцијата на тие кои треба  и можат да ја средат работата. Надминувањето на проблемот засега е меѓу нив двајца , велат истите извори, а потоа ако не се среди ќе се постави на друго ниво.

Слични содржини