Свадба за аларм

од Vladimir Zorba

 

 

 

Србија неколку дена се насладуваше со приказната од една лесковачка свадба која завршила со масовно тепање откако невестата изјавила дека ќе го задржи своето презиме и ќе го додаде презимето од сопругот. Тоа смртно го навредило свекорот, кој со крикот „к..во!” ја удрил со нога, па следела масовна тепачка. За општа радост била размената на зборовите pukane-vozмеѓу сваќите. Свекрвата сваќата ја нарекла глупава к..ва, на што таа гласно прашала зошто е глупава, наведуваат музичарите. Треба ли да се потенцира дека сите, па и новинарите, го пренеле чудењето на анонимните соговорници, што другиот дел од навредата не и засметал?

Истото прашање е поставено во една гледана емисија која требала да биде хумористична.

Ако се изземат бројните коментари на читателите на сајтовите, лесковачката приказна не предизвика реакции, иако токму тие коментари треба да го вклучат алармот. Но, не се огласија феминистичките здруженија, ни државните органи за родовата рамноправност, па ни на новинарските здруженија очигледно не им посметаа шегите на сметка на жените, со тоа што мајката на невестата сега помина многу полошо од самата невеста.10-6988

Тоа не е многу чудно, бидејќи приказната делува како забава во морето на драматични судбини на жените, мрцварени на разни начини, понижувани, силувани, заклани. Делува, иако е далеку од забава. Првото прашање кое се наметнува, инаку внимателно сецирано во наведените коментари на читателите, е зошто во втората деценија на 21 век, трет милениум на новата ера, одлуката на жената да го задржи своето презиме предизвикува револт, па и вистински гнев? Не само кај мажите, да се разбереме, често осудуваат жените отколку нивните партнери. И не само постарите; напротив, има се повеќе противници на различните презимиња меѓу младенците. Предизвикува гнев и расправии иако, дали тоа на некого му се допаѓа или не, можноста и правото саостојно да се одлучува за своето име и презиме е цивилизациско достигнување, не само борба за еднаквост на половите, туку за еднаквост меѓу луѓето воопшто. И како такво вткаено во законите во Србија.

Наспроти тоа, не само во тие коментари на читателите, туку и инаку во животот, искреното чудење што воопшто некој размислува за тоа; се подразбира дека жената со презимето покажува чива е. Тие кои малку размислуваат, најчесто како причина за промена на презимето при мажењето наведуваат некаква потреба или само желба родителите и децата исто да се презиваат. Многумина, дури сметаат дека децата би биле збунети, па и би имале трауми, ако мајката се презива така, а тие и таткото поинаку. Некои наведуваат имагинардни бирократски проблеми, иако проблемите навистина ги имаат и луѓе кои го менуваат презимето, бидејќи мора со денови да се малтретираат со промена на документите. И да платат. Затоа на пример, многу жени по разводот го задржуваат презимето од бракот.prsteni

Најретки се тие кои помислуваат на обратна насока: и момчето може да го смени презимето. Се случува и тоа но ретко. Резултатот е формално ист, а неформално тој „папучар” цел живот го прогонуваат невкусни шеги. И него и двете семејства, претците и потомците. Плус и најблаго, непријатности во сопственото семејство.

Секако се спомнуваат „нашата култура”, обичаите, традицијата. Правото на избор е во трет план, иако тоа е клуч за промена на идентитетот. Бидејќи менувањето на презимето е промена на идентитетот, буквално, а често и суштински. Лингвистите од постарата генерација тоа добро го знаеле, па строго воделе сметка за суфиксот во презимето на жената – „ева” за девојките, „ка” за мажените. Двата секако, како јасно упатство да се знае за чива своина станува збор.

Никој притоа нема одговор на прашањето зошто синовите немаат знак на распознавање? Уште повеќе што „нашата култура”, обичаи, традиција, налагаат на родителите, пред се на таткото се повеќе да се гордее со наследникот отколку со наследничката? Барем јавно. (Русите, Македонците и многу други народи тоа го решиле едноставно: „а” за ќерка, „и” за син).

Влијанието на суфиксот „ка/ица” го проценуваат и политичарките, па често се претставуваат како министри, гувернери, пратеници, како да е министерка, гувернерка, пратеничка, минус за изборот и самата функција.

Но, да се вратиме на брачната промена на презимето; неспорно е дека секој има право и можност за промена и на името и на презимето, во согласност со законот, сопствените желби, воспитанието, ставовите; раководен/а според обичаите, обврските, намерите. Но, како и во другите случаи кои го одредуваат целиот живот, како уметничките или политичките кариери, одлуката за промена на презимето при мажење или женење е исклучиво лична, право и на невестата и на момчето.

Така е според законот, затоа матичарот ги прашува двајцата. Најдобро е секако, кога се согласни. И кога двете семејства се согласуваат со нивниот избор. Најдобро, но и најретко. Лесковачкиот пример, иако екстремен, тоа добро го покажува.pukane

Спротивно на милитантните и феминистичките и мачоистичките ставови кои се само „против” или само „за”, промената на презимето не е и не би смеело да биде клучна точка за докажување кој е посилен. Бидејќи со самото тоа се поништува суштината на заедничкото живеење. Иако нема истражување за тоа дали браковите со исто презиме се посреќни, или тие другите и поради што, спорењето за презимето сигурно не е добар начин за стапување во заеднички живот, посебно ако семејствата презеле улога на судии, секунданти и навивачи истовремено. И пукаат од сите оружја.

Така доаѓаме и до другиот дел на лесковачката сторија; клучниот збор за искажување на несогласување со изборот на невестата е – к..ва. Попрецизно, к..ви. А на другите тоа дури им е забавно, подеднакво на жените и мажите, иако како и обично, нашата горделива „култура”, обичаи и традиции заглавиле во некој теснец, кој најдобро го опишува вицот „к..вата даде, к..вата не даде”.

И во т.н. јавен дискурс „к..ва” е стрела која се оптегнува почесто од било која друга, кога треба максимално да се навреди некоја жена, без оглед на тоа дали е политичарка, новинарка, глумица, докторка, деловна жена, судијка…

Тој збор се извлекува како џокер и во секојдневното обраќање на касиерките, учителките, за некои занимања како фризерки, медицински сестри едноставно како да се подразбира. Омилен е и на адолесцентите, машките и девојчињата. Секако, тој збор нема машка верзија, а дури и кога ќе му се додаде буквата „р” на крајот, не е навреда, туку доказ дека типот е мачо и дека ниту една не може да му одолее! Мажиште!

Како што и новото презиме на невестата најчесто е само доказ дека тој е вистински маж!

Независне новине – Бања Лука

Слични содржини