Во сообраќајката учествувале мотоцикл и полициско возило. Очевидци тврдат дека сообраќајната незгода се случила во моментот кога полициското возило одненадеж полукружно свртело на раскрницата, при што моторциклот директно удрил во него.

При ударот мотоциклистот со  тешки телесни повреди е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Повеќе информации од МВР се очекуваат во текот на денешниот ден.